Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато колку ќе чинат новите автопати што ги најавува Владата

Познато колку ќе чинат новите автопати што ги најавува Владата

Новите автопати што ги најавува Владата ќе чинат 630 милиони евра, според она што го најави денеска премиерот Зоран Заев како дел од инвестициоскиот план.

„Автопат Гостивар – Букојчани; Букојчани – Кичево; Струга - Ќафасан и Тетово – Гостивар, вредноста на проектот е 500 милиони евра согласно законот за стратешки инвестиции. Автопатот Битола – Прилеп, вредноста на проектот е 130 милиони евра, исто така со посебен закон во самиот парламент“, рече Заев денеска на прес-конференцијата.

Заев додаде дека вкупната вредност на Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 ќе изнесува повеќе од 8 милијарди евра, а најголем дел тоа ќе бидат приватни инвестиции или грант донации од ЕУ, концесии и јавни-приватни партнерства.

Слично

Поврзани вести