Познато кога ќе се издаваат првите лиценци, Комората на трговци ќе собере милион евра
Од вторник, односно веднаш по божиќните празници, ќе започне издавањето на првите иценци за продавачите на зеените пазари, изјави Екрем Долек, првиот човек на Комората на трговци, која е задолжена да ги определува овие дозволи согласно новиот закон за трговија кој стапи на сила од 1 јануари.
За Канал 5 тој објави дека лиценцата од 60 евра не е скапа, како што тврдат некои други и дека препораката од Министерството за економија претходно била таа да изнесува 100 евра. Според Долек, пазарџиитена крајот од секоја година би плаќале десеткратно повеќе доколку би подложеле на редовното оданочување.
Комората на трговци од наплатата на лиценците очекува на крајот од 2019-та да обезбеди еден милион евра, а со дел од тие пари ќе се покријат трошоците.
Долек додаде дека е погрешно пренесена информацијата дека на тезгите на зелените пазари нема да смее да се продава конфекција.
