Познато кога Грција ќе го гласа Протоколот за прием на Македонија во НАТО
Претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис објави дека гласањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО ќе биде ставен на пленарна седница за гласање в петок во грчкиот законодавен дом.
Со тоа Грција ќе биде првата земја, како што се очекува, што ќе го одобри приемот на Македонија со новото уставно име во Алијансата, а потоа примерот треба да го следат и останатите 28 земји-членки.
Инаку Протоколот како документ ќе биде потпишан утре во седиштето на НАТО во Брисел во присуство на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорите на земјите-членки во Алијансата, а на покана на генералниот секретар на овој пакт, Јенс Столтенберг.
Инаку, се очекува за протоколот во грчкиот парламент да се дебатира само еден ден пред специјално формираната комисија в четврток.
