Познато како АД ЕСМ ќе ги троши 65-те милиони евра од Владата
Познато е како АД ЕСМ ќе ги троши 65-те милиони евра префрлени од националниот вуџет за оваа година, откако министерот за финансии Фатмир Бесими објави дека веќе се префрлени четири милијарди денари на сметката на поранешен ЕЛЕМ.
Станува збор за четири ставки од по околу една милијарда денари, дознава Телма. Според телевизијата, една ќе се потроши за ликвидност, една е сумата што ќе му се префрли на МЕПСО, а по една АД ЕСМ ќе потроши за набавка на струја од надвор и за ископ на дополнителни количини на сопствен јаглен.
Владата минатата недела прогласи вонредна енергетска криза, а овие средства се префрлени во рамки на оваа одлука. Од следната година се очекува значително зголемување на цената на електрична енергија за домажинствата.
