Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато е колку чинела минималната кошничка во јули

Познато е колку чинела минималната кошничка во јули

Македонските домаќинства најголем дел од приходите ги трошат за храна и плаќање на сметки. Во јули на едно семејство му биле потребни 34.128 денари за основните трошоци. 

Сојузот на синдикатите на Македонија пресмета дека во јули на едно четиричлено семејство му биле неопходни 34.128 денари за да ги покрие основните месечни потреби. Најмногу пари се потрошиле за храна и пијалоци (14.417 денари), а за режиските трошоци потребни биле 10.826 денари. За превоз биле потребни 2.528 денари, за хигиена 2.381 денар и останатото за обувки, облека, одржување на здравјето и за културни активности. Државниот завод за статистика неодамна објави дека во мај просечната плата била 28.721 денар.

foto unsplash.com

Слично

Поврзани вести