Познатите личности масовно купуваат грчки острови
Познатите ги користат непогодите кои ја зафатија грчката економија и брзо купуваат грчки острови...
Џони Деп е последниот во низата познати личности кој се упати во зафатот, а како што дознаваме, тој купил ненаселено место во Егејското море, по цена од 4,2 милиони евра. Бред Пит и Анџелина Џоли го меркале Гаиа островот, па е можно да го купат и да го додадат во своето импресивно портфолио на недвижнини, во кое веќе се наоѓа еден француски замок.
Како дел од опоравувањето на економијата, грчката вчада ќе мора да го продаде својот имот во вредност од 50 милиони евра. Најголем дел од заработката ќе дојде од продажбата на некој од нивните 1200 до 6000 острови. Покрај богатите и познатите, оваа шанса ја користат и богатите руски и кинески инвеститори.
Бројни сајтови ви овозможуваат точни податоци за островите кои се на продажба, а најефтиниот чини 3 милиони евра. Гаиа островот уште го чека својот купувач, а опишан е како совршено игралиште за милионери. Зазема околу 43 хектари и има совршена локација за забава во вода - едрење, ловење риби, нуркање, пливање и други спортови на вода.
Уште некои од познатите личности кое веќе поседуваат парче на Грција се Шон Конери, Том Хенкс и Рита Вилсон.
