Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познатиот трговски центар Ушче во Белград како на крими филм - еве како било пукано во млад човек

Познатиот трговски центар Ушче во Белград како на крими филм - еве како било пукано во млад човек

Познатиот трговски центар Ушче во Белград попладнево бил како на крими филм, бидејќи таму е ранет со пиштол човек во главата. 

Во гаражата на ТЦ Уше на нивото од минус 1, денес околу 16.20 часот, се случило пукање во кое 35 годишниот Александар Ш. биле ранет со еден или два истрела во главата, пренесува Курир.рс. 

Силни полициски сили го пребаруваа трговскиот центар, кој веднаш бил блокиран, како и целиот дел на Нов Белград, а во сила е полициската акција Вихор!

Станува збор за класична заседа, по која засега неидентификуваниот напаѓач, наводно, го испуштил пиштолот и побегнал во непознат правец.

Според првите и неофицијални информации, напаѓачот се доближил до автомобилот и пукал кон А. Ш. кој бил внатре. Брзата помош го пренела ранетиот на одделот за интензивна нега.

Некои првични информации беа дека младиот човек им подлегнал на повредите, но потоа немаше на оваа информација потврда. 

Фото: Курир.рс.

Слично

Поврзани вести