Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познати светски компании на Глобалниот инвестициски самит во Охрид

Познати светски компании на Глобалниот инвестициски самит во Охрид
Како учесници на вториот Глобален инвестициски самит на 8 октомври во Охрид  350 бизнисмени од земјава и од странство. Доаѓаат од 20 држави, а дел од нив се претставници на светски познати компании. Како што соопшти организаторот на Самитот, „Македонија 2025“ , ова ќе биде еден од најголемите бизнис собири во земјата. Меќу учесниците се компании од САД, Австалија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Унгарија, Турција, а ќе говорат претставници на компании како Филипс, Нокиа, Дојче телеком, Канадиан бомбардиер, Аџибадем Турција, Моторола, СЕАФ и многу други. Организаторот ги пофали министрите, како и нивните заложби да донесат звучни имиња на Самитот. „Министерот за странски инвестиции Веле Самак се погрижи да имаме присуство на претставници на највисоко ниво од Ван Хол од Белгија, Дрекселмаер од Германија и други потенцијални странски инвеститори. Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, исто така покани голем број заинтересирани странски инвеститори од САД“, соопштија организаторите од каде како значајна ја посочија активноста на Инвест Македонија, кои преку своите економски промотори во Охрид носат големи компании од Албанија, Јапонија, Кина. Планирано е учество и на повеќе претставници на Адмилиа Холдинг Лтд, кој интегрира 70 италијански претприемачи кои разгледуваат можности за инвестицискии и Македонија, додаваат од „Македонија 2025“ . Притоа тие ги повикаа македонските компании да се запознаат и да го искористат најавениот бизнис самит за нови инвестиции и можности.
Слично

Поврзани вести