Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЗНАТИ МОДНИ КОМПАНИИ ПОД ИСТРАГА ВО ЕВРОПА: „Гучи“ е прва на мета

ПОЗНАТИ МОДНИ КОМПАНИИ ПОД ИСТРАГА ВО ЕВРОПА: „Гучи“ е прва на мета

Антимонополските регулаторни тела на Европската унија почнаа инспекција во објектот на компанијата за луксузна стока „Гучи“ како дел од истрагата на ЕУ во која се опфатени повеќе земји, соопшти сопственикот на групацијата „Гучи“, француската компанија Керинг.

Компанијата нагласи дека групата целосно соработува со Европската комисија кога станува збор за оваа истрага, пренесе Ројтерс.

Претходно беше кажано дека италијанската даночна полиција и агенти на Европската комисија во вторникот извршиле увид на локацијата на „Гучи“ во Милано, која е поврзана со производство на патни предмети, чанти и други кожни производи.

Според некои извори на британската агенција, се наведува дека на мета на слични инспекции биле и други модни компании надвор од „Керинг груп“.

Европската комисија во вторникот соопшти дека антимонополските регулатори извршиле рација во компании од модниот сектор во неколку земји на ЕУ, но не прецизираа кои компании или земји.

ЕК испрати барања за информации и до компании активни во истиот сектор.

Компаниите прогласени за виновни за кршење на правилата на ЕУ се соочуваат со казни до 10 отсто од нивниот глобален промет.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести