Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познати имињата на дузина фирми кои сакаат да земат 19 милиони евра од АД ЕСМ

Познати имињата на дузина фирми кои сакаат да земат 19 милиони евра од АД ЕСМ

АД ЕСМ ги објави операторите кои конкурираат на тендерот за јавна набавка на механизација за потребите на РЕК Битола, по отворањето на понудите во четвртокот на тендерот за јавна набавка на машини што се очекува да изнесува 19 милиони евра.

Станува збор за Технокомерц – Скопје (Македонија), Теиком Тим – Битола (Македонија), Корковадо – Белград (Србија), Мис-Комерц – Скопје (Македонија), Лагер – Посушје (Босна и Херцеговина), Интер Глобал – Скопје (Македонија), Синпекс – Битола (Македонија), Евро Стил – Битола (Македонија), Инжконсулт – Софија (Бугарија), Мг Компанија – Скопје (Македонија), Глобекс груп – Белград (Србија); Каргомакс – Скопје (Македонија). По отворањето на понудите, сега следува нивно „скенирање“ дали ги исполнуваат пропишаните услови, а потоа ќе се одбере најдобрата понуда. 

Претпријатието познато под поранешното име EЛЕМ пред еден месец објави јавен повик за набавка на помошна механизација за РЕК Битола во вредност од 19 милиони евра во која се вклучени 47 машини за ископ на јаглен. Јавната набавка доцнеше поради анализите и измената на Законот за јавни набавки. Објавената јавна постапка е само прва фаза од процесот на осамостојување на РЕК Битола за целосно самостоен ископ на јаглен, а ќе следуваат уште две фази.

Во последните десет години за ангажирање на помошна механизација од надворешни фирми РЕК Битола има платено повеќе од 90 милиони евра. 


Слично

Поврзани вести