Позната германска компанија отпушта 350 работници: Изгубија клучен клиент, еве кој ги замени на пазарот
Германската компанија Varta најверојатно ќе скрати 350 работни места откако изгуби клучен партнер, а според германските медиуми, тоа е американскиот технолошки гигант Apple.
Како што пишуваат тамошните медиуми, Varta ќе отпушти 350 работници и ќе го прекине производството на мали, тркалезни батерии во Нордлинген поради губењето на својот најважен клиент.Оваа информација ја темелат на изјава на портпаролот на компанијата, но притоа се посочува оти тој не го именувал изгубениот клиент.
Договорот со најважниот клиент, кој Varta не го именуваше, истекува на крајот на октомври. Но, според германскиот бизнис весник Handelsblatt, тоа е американскиот технолошки гигант Apple.
Загубата на важен клиент ќе ја чини компанијата околу 350 работни места во фабриката во Нордлинген и во седиштето на компанијата во блискиот Елванген.
Der Batteriehersteller Varta verliert seinen Großkunden Apple und macht deshalb einen kompletten Standort dicht. Was dahintersteckt. https://t.co/IoSQBUtDyZ
— WirtschaftsWoche (@wiwo) May 19, 2026
Фабриката на Varta во Нордлинген произведува речиси исклучиво батерии CoinPower за слушалките AirPods на Apple.
Американската компанија ќе ги набавува од кинески добавувач во иднина, изјави неименуваниот извор.
Фото: Принтскрин/Икс