Позната е причина поради која во Србија загинаа 8, а повредени се 18 рудари
Има 8 загинати и 18 повредени во српскиот рудник „Соко“ во близина на Сокобања.
Најмладиот загинат има 31 година, а најстариот 59 години. Повредените се префрлени во болницата Алексинац. Директорот на болницата, Горан Видиќ изјави дека тројца се со тешки телесни повреди, а останатите со полесни повреди. Кога се случила несреќата работеле 49 рудари. Во клиничкиот центар во Ниш се задржани двајца рудари со повреди на градниот кош.
Вицепремиерката на српската Влада и министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ изјави сите работници се задушиле со метан. Михајловиќ кажа дека на телата на работниците немало траги од експлозија.
Во несреќата загинаа рударите Ненад Тривунац (37), Дарко Златковиќ (43), Радован Грујиќ (47), Бранко Чокорило (56), Братислав Живковиќ (59), Бранислав Златановиќ (55), Бојан Стајиќ (34) и Петар Петровиќ.
Слично
