Економија, финансии, бизнис

Контакт

Позната бројката за 2018 на Македонци кои не се вратиле од Германија

Позната бројката за 2018 на Македонци кои не се вратиле од Германија

Вкупно 7.812 Македонци останале да живеат и работат во Германија, односно не се вратиле во Македонија, покажува германското биро за статистика.

Минатата година вкупно 18.478 македонски државјани си ја побарале среќата во Германија, а меѓу нив 10.666 се вратиле во татковината. Во однос на претходната, 2017 година, 

Нето бројот на оние кои останале да работат и живеат во Германија е зголемен за 30 проценти, додека во 2017 година таа бројка била 6.000 луѓе.

Инаку бројката на македонските државјани кои се пријавиле на германска територија во двете години е релативно ист - 18.478 во 2018, наспроти 18.235 во 2017.

Слично

Поврзани вести