Позната бројката на лица што добија социјална пензија
Вкупно 2.631 лице до сега се стекнаа со правото на социјална пензија, информира Министерството за труд и социјална политика, од почетокот на спроведувањето на социјалната реформа.
Месечниот надоместок за лицата кои до сега не го остварија потребниот стаж за одење во редовна пензија изнесува околу 6.000 денари, а тоа се корисници над 65 години кои што досега немаа други извори на егзистенција. Тука се вклучени и лицата без ден работен стаж.
единствен хендикеп е тоа што во заедниците каде што мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална пензија месечниот надоместок го користи само еден член.
Правото да се поднесе барање за остварување на социјална пензија во месно надлежните центри за социјални работи е временски неограничено.
