ПОЗНАТА БАНКА Е ТРГНАТА ОД ЦРНАТА ЛИСТА, НО ДРЖАВАТА МОРАШЕ ДА „ДАДЕ“ НЕШТО ЗА ВОЗВРАТ: Црната листа, но е симболично важна
Австрија дала
одобрение за 12. пакет санкции на ЕУ против Русија, откако Украина од црната
листа ја отстрани „ Raiffeisen Bank International“, објави веб-страницата на
украинската влада и дипломат на Европската унија.
Австрија се залагаше банката да биде отстранета од листата на Украина на таканаречени „меѓународни воени спонзори“ - со цел да се „срамат“ фирмите кои работат во Русија за кои се вели дека ги поддржуваат воените напори, на пример со плаќање даноци.
– Австриската воздржаност кон санкциите е укината – изјави дипломатот на ЕУ.
Црната листа, инаку, нема правен статус, но е симболично важна, бидејќи го зголемува притисокот на јавноста врз „ Raiffeisen Bank International “ да ја напушти Русија. Австриската банка соопшти дека е „подготвена да го стори тоа“, но сепак работи таму.
„Статусот е суспендиран за периодот на билатерални консултации во кои учествуваат претставници на Европската комисија“, објави во саботата веб-страницата на украинската влада за статусот на „ Raiffeisen Bank International“. Австрија сакаше оваа банка да биде тргната од црната листа, во замена за потпишување на последниот пакет санкции на ЕУ против Русија.
ФОТО: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ