Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познат универзитет е на црната листа: Земале помош од државата, не исплатиле плати

Познат универзитет е на црната листа: Земале помош од државата, не исплатиле плати

Познатиот универзитет ФОН се најде на листата која вчера ја објави Генералниот Секретаријат на Владата, а на која се работодавачи кои земале финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март 2021 година, а истата не ја исплатиле на вработените.

Сумата која фигурира кај АУЕ ФОН е всушност најголема од сите 181 работодавач кои се на листата - или речиси 1,5 милиони денари за 129 вработени. 


Другите суми се значајно пониски. Од останатите највисок износ на барањето на плати има неготинска фирма за облека која не исплатила плати за двата месеци за 46 вработени во фирмата. 

Инаку на листата по дејности најмногу плата не исплатиле - 61 работодавачи од дејност подготовка на оброци и служење на храна, за 198 вработени во износ од 2.984.871 денари, потоа 33 работодавачи од дејност трговија на мало, за 87 вработени во износ од 1.359.389 денари, 24 работодавачи од дејноста копнен транспорт за 77 вработени во износ од 1.163.608 денари. По региони најмногу работодавачи што не исплатиле плата се од Скопје - 71, Тетово - 53 и Битола со 27.

„До 31 мај 181 работодавач на кој што му била одобрена финансиската помош за исплата на плати за март и февруари не им ги префрлиле парите на работниците. Од нив, 24 не изплатиле ниту за двата месеци. Вкупно од овој циклус, 753 месечни плати не се исплатени, а вкупната сума е 12.071.908 денари.

„Доставени се опомени, а по истекувањето на рокот, следува присилна наплата како и глоба од минимум 500 до 10.000 евра во зависност од големината на правното лице, наведе вчера Лукаревска.

Списокот можете да го видите тука. 


Слично

Поврзани вести