Познат српски бизнисмен почина од коронавирус
Озлогласен српски бизнисмен почина од коронавирус.
Се работи за Драгослав Космајац (67), кој во српската јавност стана познат откако претседателот Александар Вучиќ во 2014 година го прогласи за најголем наркодилер во земјата.
Тој починал поради здравствени компликации прдизвикани од Ковид-19, јави телевизијата Н1.
Космајац бил хозипитализиран во клиниката „Драгиша Мишовиќ“ каде поради влошената здравствена состојба бил ставен на респиратор.
Бизнисменот беше уапсен, но не поради наркотици, туку за финансиски малверзации.
Поради недостиг на докази во 2018 година тој беше ослободен.
Времето што Космајац го мина во притвор, како и судските трошоци, ги чинеле граѓаните на Србија околу два и пол милиони динари.
Слично
