Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познат скопски бизнисмен ќе оди во затвор поради кражба на струја ?

Познат скопски бизнисмен ќе оди во затвор поради кражба на струја ?
Скопски бизнисмен кој има дуќан за бели печива на Плоштад Македонија може да заработи затворска казна оти крадел струја. Екипите на ЕВН, во координација со полицијата во контрола утврдиле дека неовластено користи струја и плаќа десеттпати помалку, поради што е поднесена кривична пријава. Струја крадат и познати бизнисмени чии дуќани работат среде центарот на Скопје. Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и крим техника по извршената контрола на еден од познатите дуќани за бели пецива во строгиот центар на Скопје открија дека таму струјата се крадела, каблите се премостувале. Бизнисменот заработи кривична пријава, и се соочува со можност да му биде изречена затворска казна.
 Извори за Фактор брифираат дека при контролата, било утврдено оти сопственикот на дуќанот во специјално заѕидан односно маскиран простор направил премостување на каблите или наречен „бајпас“, со што струјата која ја троши не се регистрира во целост. На овој начин се вршела кражбата на струјата, а сопственикот плаќал десетпати помалку одколку што трошел. Или поточно скопскиот бизнисмен наместо 50 илјади денари плаќал 5 илјади денари сметка за струја. На овој начин не само што ја оштетил ЕВН и државата туку и постпил спротивно на законите доведувајќи ги во опасност и муштериите и вработените, бидејќи најчесто на местата каде што се краде струја опасноста од пожари е голема.
Од ЕВН засега не го коментираат случајот само потенцираат дека кражби на струја регистрираат и кај домаќинствата и кај бизнис корисниците и дека имаат еднаков третман за сите кои го кршат законот. Оттаму додаваат дека ќе продолжат со контролите со цел да ги заштитат системот и оние корисници кои редовно плаќаат за потрошената електрична енергија. Согласно важечките закони против скопскиот бизнисмен е поднесена кривична пријава, но и пресметка за неовластено користење на електрична енегија. Овој корисник сега може да заработи и затворска казна, каква што веќе судот пресуди за неколку крадци на струја од Скопје. Имено од почетокот на годинава изречени се неколку затворски казни заради кражба на струја. Изречени затворски казни за кражба на струја За само неколку месеци од донесувањето на законските измени со кои кражбата на струја се смета за кривично дело, судовите изрекоа неколку казни затвор за оние што беа фатени како неовластено се приклучени на мрежата на ЕВН. Во септември една година затвор доби скопјанецот М.С. за сторено кривично дело кражба на електрична енергија.
 Апелациониот суд го осуди на ефективна казна затвор со што ја измени условната казна која предходно му ја изрекол Основниот суд Скопје 1.“
Пред неколку недели уште една бизнисменка од Скопје - Управителка на неколку друштва за внатрешна и надворешна трговија беше осудена на казна затвор од една година за кривичното дело кражба на електрична енергија.
Обвинетата Р.П. извршила манипулација на броилото, при што тоа не ja регистрирало соодветно потрошената електрична енергија, со што се стекнала со одредена материјална корист. “
Но не се краде само струја. Неколкумина жители скопско Огњанци се обидоа да украдат трансформатор, но беа затекнати од полицијата и добија затворска казна.
Основниот суд Скопје 1, ги осуди на вкупна затворска казна во траење од 3 години скопјаните А. А ( 47 г.), Н. А. ( 19 г.) и Б. М. ( 33 г.) за кривичното дело - Тешка кражба. На 16 февруари 2011 година во скопското село Огњанци, во месноста викана „Евра“ тие заедно се обиделе да одземат еден 100 киловолтамперски трансформатор сопственост на ЕВН Македонија. Додека Б. М. внимавал да не наиде некој, другите двајца обвинети од бетонскиот столб на која се наоѓал трансформаторот го прекинале снабдувањето со електрична енергија, ги исекле каблите, го бутнале трансформаторот на земја и почнале да го демонтираат. Во моментот на извршување на делото биле фатени на лице место од локалната полиција.
Слична разврска чекаат уште повеќе случаи на кражби на електрична енергија. Мерките кои ги предвидуваат измените во кривичниот законик кои стапија на сила на почетокот на годината се многу построги и предвидуваат и затворски казни до 5 години. Покрај ова и финансиските казни за ваквиот вид на кривично дело се енормно високи и се движат меѓу 5 000 и над 20 000 евра. За првите шест месеци бројките покажуваат дека ЕВН Македонија на 880 корисници им испорачала пресметки за неовластено користење на електричната енергија во висина од над 5 000 евра. Корисниците заработиле и кривични пријави според кои ќе одговараат пред правните институции за стореното кривично дело за кое може да заработат и казна затвор во траење до 5 год. С.Н.
Слично

Поврзани вести