Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познат имотот на тројца антикорупционери

Познат имотот на тројца антикорупционери

Претседателот на Антикорупциската комисија,  Горан Миленков и членовите Фарије Алиу и Игор Тантуровски го објавија својот имот на веб-страницата на комисијата.

Тие до пред десетина дена, говореа дека станува збор за личен податок заштитен со закон.

Миленков има заеднички имот со сопругата од два стана во Скопје и еден во Охрид. Становите во Скопје Миленков ги купил во 2004 година, а станот во Охрид е купен годинава. Миленков има и 3 возила, трактор и чамец. Лани тој зел и кредит од 106.300 евра. Вкупниот имот на Миленков,  вреди околу 220.000 евра.

Алиу во својот анкетен лист нема наведено колкава е вредноста на имотот што го поседува. Таа пријавила дека нејзиниот сопруг има куќа, стан, деловен простор и двор во Гостивар, но за овој имот не ја навела вредноста. Алиу располага со девизна штедна книшка на која има 350 евра, а нема имот на свое име.

Тантуровски поседува четири станови, од кои два се во Скопје, еден во Охрид и еден во Белград. Се работи за имот кој во поголем дел е стекнат со наследство. Тантуровски пријавил дека зема кирија од издавање на два стана, а има и кредит од околу 30.000 евра.

На веб-страницата на ДКСК не е објавен имотот на уште четворица антикорупционери.

Слично

Поврзани вести