ПОЗНАТ ФОРЕНЗИЧАР ЗА ТРУПОТ ПРОНАЈДЕН ВО САВА - тоа не е Матеј Периш, иако нема сомнение дека тој се удавил
Човекот чие тело е пронајдено во Сава кај Умча не е Матеј Периш (27) од Сплит, тврди Часлав Ристиќ, познат форензичар.
Ристиќ нагласи дека нема сомнеж дека Периш се удавил, а случајот со исчезнатиот млад човек го спореди со случајот на познатиот пејач Душко Костиќ, чие тело никогаш не испливало по наводното скокање во реката.
Да потсетиме, телото на маж во фаза на распаѓање е пронајдено во Умча, во белградската општина Чукарица. Телото е пронајдено закачено на еден сплав, а форензичарот Ристиќ смета дека тоа не е Периш.
„На судските лекари останува да утврдат колку долго лешот бил во вода. Тие имаат свои методи за да го утврдат тоа и на тој начин се одредува идентитетот. На почетокот ми се чини дека ова не е Матеј Периш. Според медиумите, лешот во фаза на распаѓање кој е пронајден е облечен во црн елек и црна тренерка, а од медиумите дознаваме дека Периш трчал во маица и имал бели патики. Само тој факт, според мене, е доволен да помислиме дека не се работи за Матеј Периш“, изјави Ристиќ.
На прашањето на новинарката на телевизија Курир, Ивана Јовановиќ, како форензичарите го утврдуваат идентитетот на трупот, Ристиќ посочи дека за тоа постојат два методи.
„Форензичарите само го фиксираат лице местото. Идентитетот го утврдуваат само доколку е можно да се земат отпечатоци, односно сите десет прсти, доколку се уште има раце на трупот и врз основа на тоа се утврдува неговиот идентитет. Другиот метод е да се земе ДНК профил и врз основа на биолошки траги се утврдува кај тој труп кој сега е во вода и се утврдува и врз основа на описот и врз основа на гардеробата што ја имал“, вели форензичарот.
Ристиќ изјавил дека температурата на водата ја одредува фазата на распаѓање на телото, но и од рибите кои кинеат парчиња месо од потопеното тело.
„Обдукцијата трае околу еден час, а она што треба да го утврдат лекарите е дали смртта настанала од давење или има некои физички повреди, па трупот завршил во вода и дали се работи за криминален настан. Фазата на распаѓање на телото ќе зависи од температурата на водата, а во реката имате и риби кои можат да откорнат дел од телото“, наведува Ристиќ.
Форензичарот истакна дека „нема сомнеж“ дека Периш се удавил, но и дека постои можност неговото тело никогаш да не исплива. Тој го спореди случајот со случајот со пејачот Душко Костиќ, кој се самоуби скокајќи од Панчевскиот мост во 1996 година, а чие тело до ден денес не е пронајдено.
„Нема никаква мистерија во случајот со Периш. Единствена мистерија е влезот, како камерите не го снимиле тој влез. Но со подоцнежната реконструкција и следење на неговиот сигнал на телефонот, се ми беше јасно, човекот влегол во водата и по стотина метри пливање се удавил, и сега телото или ќе исплива или не. Ги гледав снимките, јас имам работено многу такви случаеви, нема дилеми, се друго е шпекулација. Мислам дека нема да се појави сигурно. Зависи каде паднал. Ако се заплеткал во некои грмушки и гранки или едноставно се заглавил во близина на мостот Панчево за некој брод или во крајбрежна област, можеби никогаш нема да исплива. Го имаме и случајот со пејачот Душко Костиќ, кој скокна од мостот и не се појави 25-26 години“, вели Ристиќ.
Извор и фото: Курир.рс
