ПОЗНАТ ФОРЕНЗИЧАР ОТКРИВА ФАТАЛНАТА ГРЕШКА НА УБИЈЦИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ЃОКИЌ: Се очекува брзо да бидат уапсени
Убијците на
семејството Ѓокиќ направиле фатална грешка за време на егзекуцијата, и поради
тоа тие ќе бидат уапсени многу скоро, рече форензичкиот експерт Часлав Ристиќ
во разговор за МОНДО. рс.
Според тврдењето на криминологот, егзекуторите, веројатно брзале, заради што успеале кај Горан да ја запалат само главата, и како што вели, токму поради што постојат големи шанси некои од нивните биолошки траги да останале на остатокот од трупот.
Познатиот форензичар, во разговор за МОНДО, нагласи дека убиството е извршено аматерски, поради што ќе останат многу траги за истражителите.
„Убијците најверојатно брзале, бидејќи телото на Горан Ѓокиќ остана целосно недопрено, само главата му беше запалена. Тоа им дава на форензичарите многу можности да најдат некаква биолошка трага од убијците. Од друга страна, на труповите на Гордана и Лидија, кои се целосно јагленисани, има помала надеж дека ќе се најде некоја клучна трага, потенцираше Ристиќ.
Многу е веројатно дека важен материјал или биолошки траги останале некаде и на запалениот автомобил. Ако во злосторството биле вклучени повеќе сторители, сигурно направиле некои грешки и биле невнимателни. Ќе има многу докази “, рече форензичарот.
Ристиќ смета дека најмногу за две недели ќе се дознаат егзекуторите на семејството Ѓокиќ.
