Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЗИТИВНА КОРУПЦИЈА: Kaко „валканиот кеш” може да спаси една економија

ПОЗИТИВНА КОРУПЦИЈА: Kaко „валканиот кеш” може да спаси една економија

Индија е една од земјите со најпозитивнита економска приказна во светот. Благодарение на фабриките и мануфактурното производство, економијата на земјата се зголеми за 7,4 отсто во првиот квартал од 2015 година, што ја прави една од најбрзо растечките економии.

Сепак, постои темна страна на успехот на Индија, според еден од најпознатите економисти од земјата. Каушик Басу, економски директор на Светската банка, вели дека традиционалната национална ситна корупција, помогна Индија да ја избегне економската и банкарската криза, која сериозно погоди повеќе земји на светот.

Тој смета дека застапеноста и употребата на „валканите пари", коi се измолкнуваат од даночните службеници, создал бастион на одбрана од банкарската криза.

Иако растот на Индија е предводен од неверојатниот „бум" на недвижности, сепак ирационалниот раст не заврши со катастрофа, затоа што во Индија, за разлика од остатокот од светот, не се плаќа ниедно добро по неговата прописна цена.

Поголем дел од недвижностите во Индија се купуваат во готово. Така на пример, ако цената на недвижноста 100 рупии, продавачот ќе бара уплата од 50 рупии, а остатокот во готово.

На тој начин продавачот одбегнува да плати висок данок, купувачот профитира бидејќи плаќа помалку заради разликата во данокот, а резултат на сето тоа се и пониските цени на закупнините во однос на вистинската вредност на недвижноста.

Во САД и Велика Британија цените на закупнината биле за 100 отсто повисоко од вредноста на имотот. Затоа кога почна падот, банките паднаа заедно со недвижностите.

Во Индија, наспроти тоа, поголемиот дел од банкарските кредити се уште беа во баланс со вистинската вредност. Така Индија ја избегна економската катастрофа.

Слично

Поврзани вести