Пожарот во „Рамстор“ е изгаснат – причината е во оџакот
Пожар избувнал претпладнево во еден од рестораните во трговскиот центар „Рамстор“. Информацијата за „Фактор“ ја потврди командирот на Противпожарната бригада - Скопје Благоја Менковски.
Тој објаснува оти причина за настанатиот пожар е оџакот од скарата на ресторанот, во кој се насобрале маснотија и саѓи. Под дејство на висока температура, нечистотијата се запалила, објаснува Менковски.
Екипите на Противпожарната бригада - Скопје интервенирале веднаш, а се вклучил и системот за брзо гаснење пожари со кој располага трговскиот центар. Така пожарот веднаш бил изгаснат и не била причинета материјална штета.
Слично
