Пожарот во Центар е изгаснат!
Пожарникарите попладнево успеаја да го изгаснат пожарот кој избувна во стан во висококатница, во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Дури 10 противпожарни возила интервенираа и го ставија под контрола огнот кој гореше во стан на највисокиот 11-ти кат на зградата.
Според првичните информации од пожарникарите, повредени нема. Сéуште се испитуваат причините за избувнувањето на пожарот.
Фото: А1он
Слично
