Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРИ ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВО: Шестмина повредени во огнената стихија

ПОЖАРИ ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВО: Шестмина повредени во огнената стихија

Во пожари што избиле во нивните домови, вчеравечер беа повредени шест лица од Скопје и Тетово.

Тројца од повредените, настрадале во пожарот што ја зафатил нивната куќа во Скопје на ул.„Брсјачка Буна“.

Повредените лица биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, за укажување на лекарска помош.

Иста несреќа имаше и во куќа во Тетово, на улица „Полoг”, каде во огнената стихија биле повредени три лица. Тие поради вдишување на чад се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово.

И двата пожари се локализирани и се предмет на понатамошна истрага.

Слично

Поврзани вести