Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожари пеплосаа десетици хектари шума во Кривопаланечко и Слупчане

Пожари пеплосаа десетици хектари шума во Кривопаланечко и Слупчане

Големи пожари во текот на вчерашниот ден зафатија борова шума во Кривипаланечко село и над липковското село Слупчане.

Според надлежните пожарот во Слупчане е регистриан половина час после 18 а е изгаснат синоќа околу 22 часот каде пламените јазли проголтаа четири хектари борова шума.

Во Крива Паланка, поточно во селото Луке пожарот предизвика поголема штета при што уништени се 10 хектари шума. Таму пожарот избувнал вчера околу 10 часот а изгореле повеќе видови шума меѓу кои бор, бука, багрем и нискостеблести растенија, како и мала површина трева.

Пожарникарите , екипи на Јавното претпријатие Македонски шуми и Подрачно шумско сотопанство Осоговоо Крива Паланка  со пожарот се бореле речиси пет часа .

Надлежните допрва треба да ја соопштат вкупната предизвикана штета од пожарите.

Слично

Поврзани вести