ПОЖАР ВО ЧАИР: Огнената стихија изгасната, станарите спасени!
Противпожарните служби успеаја да се справат и да го изгаснат големиот пожар што зафати зграда во скопската населба Чаир. Притоа, спасени се жителите на зградата кои беа заробени од огнот на погорните катови.
Полесно е повредено едно лице. Меѓу спасените има и неколку деца, како и едно бебе.
Во справувањето со пожарот беа вклучени неколку противпожарни возила и десетици пожарникари и полицајци.
Огнената стихија изби попладнево во зграда на улицата Цветан Димов во Чаир. Причините и натаму се утврдуваат, но неофицијално пожарот бил предизвикан од плинска боца.
Да биде проблемот поголем, противпожарните скали во зградата биле узурпирани од несовесни станари, кои ги искористител за да си направат импровизирана кујна.
ФОТО: Плусинфо
Слично
