ПОЖАР ВО ЧАИР: 11 лица повредени, спасени шест деца
Вкупно 11 лица завршија со полесни повреди во денешниот голем пожар во зграда во Чаир. Од нив шест биле префрлени во болница. На пожарникарите им беа потребни речиси два часа да ја стават под контрола огнената стихија и од зградата да ги извлечат заробените станари, меѓу кои и шест деца.
Пожарот зафатил четири стана во кои материјалната штета е голема. Огнот се ширел по надворешната страна на зградата, а работата на пожарникарите била дополнително отежната - несовесните станари ги блокирале пожарникарските скали на зградата и си ги претвориле во остави, со што го оневозможија пристапот.
„На повеќе семејства животот им беше во опасност. Се боревме и со непотребни тешкотии. Луѓето треба да внимаваат што оставаат во заедничките простории за да не се случуваат вакви проблеми и полесно да работиме во вакви ситуации“, вели Благоја Менковски, командант на Скопската противпожарна бригада.
Потешкотии предизвикувале и љубопитни граѓани кои доаѓале да видат што се случува. Точните причини се уште се утврдуваат, но неофицијално огнот го предизвикала неисправна плинска боца. Во интервенцијата беа вклучени 40-тина пожарникари.
Слично
