Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАР ПРОГОЛТА ЗГРАДА: Седум прилепчани повредени во огнената стихија

ПОЖАР ПРОГОЛТА ЗГРАДА: Седум прилепчани повредени во огнената стихија

Експлозија на 10-литарска плинска боца предизвика пожар во зграда во Прилеп. Во пожарот на улицата „Бидимаж", седум лица се повредени, од кои еден пожарникар.

Двајца потешко повредени се примени на хируршкото оддление, а другите станари од зградата кои вдишале чад, се хоспитализирани на интерното одделение.

Според сведочењето на еден од станарите Никола Чеврески, пожарот избил во неговиот стан кога плинската греалка се запалила, а потоа огнот ги зафатил и околните станови. Огнените јазици проголтале шест станови од зградата.

Екипите на противпожарната служба брзо стигнале на местото, за да ги евакуираат станарите од зградата, и успеале да го локализираат пожарот пред да зафати други околни објекти.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

Слично

Поврзани вести