Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар остави пустош во Трговскиот центар во Штип

Пожар остави пустош во Трговскиот центар во Штип
Голем пожар избувнал рано утрово во Трговскиот центар во Штип. Пожарот целосно ги опустошил тезгите поставени во холот. Изгорена пластика на кровните конструкции, пепел и чад останаа по огнената стихија за која на пожарникарите им беа потребни неколку часа да ја изгаснат. Полицијата врши увид за да ги утврди причините поради кои настанал пожарот. Влезот во холот на Трговскиот центар е забранет, затоа што движењето низ него се уште не е безбедно. Допрва ќе се проценува и материјалната штета предизвикана од пожарот. Фото: 1.мк
Слично

Поврзани вести