Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар на ферибот во Грција, плови од Икариа кон Самос

Пожар на ферибот во Грција, плови од Икариа кон Самос
Избувна пожар на ферибот во Грција кој превезувал 250 патници. Фериботот превезувал патници меѓу островите Икариа и Самос. Сеуште нема детали за повредени или за материјалната штета, соопштија грчките власти од каде појаснуваат дека засега не е познато од колкав обем е пожарот. Во соопштение на Министерството за трговска флота се посочува дека огнот избувнал на фериботот „Нисос Миконос“ кој сообраќа по источниот дел на Егејско Море. Како што пренесоа грчките медиуми, и покрај огнот бил продолжен патот до Самос, а крајбрежната стража тргнала да го пресретне.  
Слично

Поврзани вести