Пожар ја пеплоса битолската фабрика за кекси „Виго-48“
Нема повредени, но причинета е значителна материјална штета во пожарот што ја зафати фабриката за кекси и вафли „Виго-48“ во Битола. Работниците биле навреме евакуирани.
Пожарот во некогашната фабрика „Прогрес“ започнал да се шири од оџакот, а огнот набрзо го зафатил целиот објект. Го зафатил најпрвин таванскиот дел на фабриката, а потоа и внатрешните простории.
Екипите на противпожарната единица во Битола со пет возила и 15 пожарникари вложија вонредни напори да го стават под контрола пожарот и да спречат да експлодира повеќетонската плинска боца која се наоѓала во објектот.
Од безбедносни причини, полицијата во целост го затвори пристапот кон фабриката, а возилата и пешаците ги пренасочуваше по други патишта.
Причините за пожарот кој предизвика голема материјална штета се уште се утврдуваат. Фабриката „Виго-48“ е во сопственост на „КАМ“ - Скопје.
Повеќе фотографии и видео на следниот линк: ТВ Тера

Слично