Пожарот во ковид болницата во Романија каде изгореа девет пациенти ќе се третира како убиство
Истрагата за пожарот во романската ковид болница во Констанца каде загинаа девет луѓе се води како „Убиство“.
„Ројтерс“ обjави дека ова е трет сличен случај за помалку од една година во земјата. Пожарот избил на првиот кат на зградата, а засега не е познато дали избил на одделението или во лекарска ординација, пишува digi24.ro. Целиот случај ќе се води како кривично дело повеќекратно убиство, рекол извор од судството за новинската агенција “Адјепрес”. Тим од инспектори е на местото на несреќата. Во болницата имало 113 пациенти за време на пожарот, како и 10 на одделението на интензивна нега.
Во февруари во пожар во ковид-болница во Букурешт загинаа четири пациенти. Минатиот ноември, 10 луѓе загинаа на одделението за интензивна нега во окружната болница во градот Пјатра Њамц.
Во земјава во ковид болницата во Тетово изгореа 14 луѓе, а но засега не се знае каков ќе биде епилогот и кој ќе сноси одговорност.
