Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожарот кој беснее во Словенија се гледа од вселената

Пожарот кој беснее во Словенија се гледа од вселената

Страотниот пожар во Словенија се гледа од вселената. 

Огнот од словенечкиот регион Крас, кој гори со денови, се прошири и на општина Хрпеље-Козина.  Во гаснењето на пожарот се вклучени повеќе од 1.000 пожарникари, а помош стигна и од странски земји. Утрово имало слаб дожд, но тој не помогнал многу. 

Во гаснењето на пожарот вчера учествуваа 13 хеликоптери и авиони од Словенија, Хрватска, Србија, Австрија, Унгарија и Италија, а денеска се разгледува можноста за вклучување на два романски авиони „Спартан“ лоцирани на аеродромот во Љубљана. Повеќе европски земји ова лето се бореа и се борат со пожари. 

Фото: Copernicus

Слично

Поврзани вести