Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожарникар загина во поплава во Грција

Пожарникар загина во поплава во Грција

Пожарникар загина во поплава во соседна Грција. 

Тој загинал кога се упатил кон училиштето за да им помогне на учениците, и со возилото заглавил во надојдена вода. Смртта на 46-годишниот пожарникар ја потврдија и од Противпожарната служба на Грција. 

Во невремето со обилен дожд што од синоќа го зафати регионот Еврос и предизвика поплави во градот Александрополи во североисточниот дел на Грција, денеска се спасени деца од градинка, како и ученици од основно училиште, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во село во општина Александрополи, со помош на Противпожарната служба на Грција се пренесени на безбедна локација 21 дете и двајца вработени во детска градинка, како и 100 ученици и нивните наставници од основно училиште.

На стартот на оваа година Грција се соочи со снежно невреме, а лани во ноември имаше и невреме со поплави.

Слично

Поврзани вести