Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРИТЕ ВО ТУРЦИЈА ЗАФАТИЈА ПЕТ ГОЛЕМИ ГРАДА, ДУРИ И ИЗМИР: Повредени пожарникари, полицајци и граѓани, пожари има и во Словенија

ПОЖАРИТЕ ВО ТУРЦИЈА ЗАФАТИЈА ПЕТ ГОЛЕМИ ГРАДА, ДУРИ И ИЗМИР: Повредени пожарникари, полицајци и граѓани, пожари има и во Словенија

Во Турција се води голема борба против пожарите кои ги зафатија провинциите и градовите Измир, Ајдин, Болу, Мугла и Маниса. Турското Министерство за здравство соопшти дека во пожарите досега се повредени 78 лица, меѓу кои и пожарникари и полицајци, а откако огнената стихија се прошири и во градовите, властите наредија итна евакуација. Се иселија повеќе од 4.000 жители од најкризните подрачја.

Според последните податоци, во акцијата за гаснење учествуваат дури 90 авиони, речиси 5.000 луѓе и над 1.200 возила.

Пожар и во Словенија, се приближува до прашумата Крокар заштитена од УНЕСКО

Истовремено, голем пожар има и во Словенија, најверојатно предизвикан од гром. Избуванал во близина на селото Боровец кај Кочевска Река на југот на Словенија и почналзабрзано да се шири.

Управата за цивилна заштита и помош во вонредни состојби соопшти дека пожарот се уште е надвор од контрола.

Според извештајот на порталот ММЦ, пожарот е многу блиску до прашумата Крокар, која е под заштита на УНЕСКО од 2017 година. Агенцијата СТА известува за напорите за гаснење на пожарот, во кој беа вклучени хеликоптер и ер-трактор.

Напорите за гаснење на пожарот продолжија и денеска, а локалните жители ги повикаа властите да испратат повеќе пожарникари поради сериозноста на ситуацијата на опасниот и непристапен терен.

Удар на гром како можна причина за пожар

Според соопштението на полициската управа во Љубљана, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром. 


Слично

Поврзани вести