Пожарите во Грција „проголтаа“ значителни површини од заштитените шуми
Пожарите во Грција „проголтаа“ значителни површини под шума. Во пожарот во грчкиот Национален парк Дадиа во Еврос досега изгореле 12 отсто од заштитената шума.
Според сликата од сателитот Сентинел 2 преземена и обработена од тимот на Националната опсерваторија на Атина и порталот Метео, проценката за површината зафатена од шумскиот пожар заклучно со вчера напладне е приближно 3.410 хектари.
Околу 3.410 хектари или 12 отсто од заштитениот регион Натура 2000 досега изгореа во пожарот во Националниот парк Дадиа во Еврос, активен веќе седми ден, а противпожарните сили секојдневно, од копно и воздух се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина.
На повеќе локации во Грција летово имаше пожари. Огнена стихија имаше и близу Атина. Повеќе грчки села беа евакуирани поради опасноста од пожари.
