Најмногу биле зафатени шумите од мешаните насади со учество од 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 проценти, а шумите од иглолисни видови влегуваат со 10,1 отсто во структурата. Приземната вегетација учествува со 7,4 проценти.
Пожарите во август „однесоа“ 38 милиони евра
Интензивните пожари вои август кои најмногу го погодија малешевскиот регион во Македонија во август направиле штета по националниот ресусрс шуми од 38 милиони евра.
Ова го покажува наменското заедничко истражување на јавното претпријатие „Национални шуми“ и Државниот завод за статистика.
Евидентирано е дека во периодот јуни – септември годинава имало 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11.420 хектари површината под шума.
Анализата покажува дека опожарената дрвна маса изнесува 482.106 метри кубни, додека проценетата материјална штета е 2.318.091.000 денари.
Слично
