Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожарите во Албанија ја зедоа првата жртва

Пожарите во Албанија ја зедоа првата жртва

Пожарите во Албанија ја зедоа и првата жртва, а наредена е евакуација на неколку села. 

Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е првата жртва, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека се работи за 80-годишен маж кој загинал во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал.

„Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината на својата куќа, во селото Кулолас, пожар кој излегол од контрола и масовно се проширил во неколку села во округот Грамш. Лицето го загубило животот како резултат на задушување“, се наведува во соопштението за медиумите.

Поради ситуацијата што излезе од контрола, Министерството за одбрана нареди евакуација на жителите на 3 села во подрачјето на Грамш.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, објави снимки од намерно палење во Албанија. Тој изјави дека е откриено со помош на беспилотни летала на воздухопловните сили, додавајќи дека државната полиција ги бара сторителите на овие злосторства.

Во пожарите во Црна Гора загина војник.

Слично

Поврзани вести