Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожари ги пустошат Грција и Турција

Пожари ги пустошат Грција и Турција

Пожари ги пустошат Грција и Турција, а Грција го спаси комплексот на античките Олимписки игри од голем пожар. На археолошкиот комплекс му се закани силен огнен фронт.

Неколку дена земјата се бори со големи пожари. Најлошо е на островот Евија, недалеку од Атина. Луѓето таму беа евакуирани со чамци, а неколку села беа целосно изгорени.

За прв пат по многу години, Грција почна да ја користи армијата за гаснење пожари. Топлото време продолжува и ова  дополнително ги разгорува пожарите и во Евија и северно од Атина и Пелопонез. Оваа година шумските пожари се особено силни. Властите размислуваат да го сменат законот за да ги заострат казните за подметнување пожар.

Во Турција расте незадоволството од постапките на властите. Многу граѓани ги обвинуваат службите дека не се подготвени за пожарите, и покрај предупредувањата дека сушата ќе создаде вакви услови летово. Претседателот Реџеп Таип Ердоган ги отфрли обвинувањата, велејќи дека пожарите се без преседан и дека се е направено.

Слично

Поврзани вести