ПОЖАР ВО НАРОДНАТА БАНКА - ВО ПОДРУМОТ СЕ ЗАПАЛИЛ СМЕТ? - што се случуваше во центарот на Белград
Пожар избувна во подрумот на зградата на Народната банка на Србија во центарот на Белград, кој брзо беше локализиран, јавува РТС.
Пожарникарските екипи се на терен. Нема повредени, потврдено е во МВР за РТС.
По избувнувањето на пожарот зградата на Народната банка беше евакуирана. На лице место се 16 пожарникари и три противпожарни возила.
Како што потврди МВР за веб - страницата на РТС, избувнал пожар во подрумот на зградата, каде што се запалил смет.
Пријавата за пожарот е применета во 8.40 часот и за десет минути пожарот е локализиран. Моментално е во тек одчадување на просторот, јавува РТС.
Извор и фото: РТС
Слично
