Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар се заканува да „проголта“ манастир во Атина

Пожар се заканува да „проголта“ манастир во Атина

Пожар се заканува да го „проголта“ манастирот „Света Петка“ во Атина, поради што е наредена евакуација на светилиштето.

Критична е состојбата во селото Аја Параскеви во близина на Атина. Пожарите кои повеќе од 24 часа беснеат на ова подрачје опасно ги загрозија куќите и верскиот објект. Граѓаните и пожарникарите притрчале да ги спасат иконите. Зад манастирот има осум куќи и пожарникарите и волонтерите на општината се борат да го изгаснат пожарот, но огнот не можат засега да го локализираат.

Пожари беснеат на повеќе локации кај јужниот сосед, на Евија, Самотраки, Макракоми и планините Родопи на истокот од земјата. Во пожарите кои од саботата беснеат во Грција, загинаа 20 луѓе, а изгореа над 400.000 хектари земја. Во последните 24 часа во Грција избувнале 209 пожари. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас вели дека ова е ситуација без преседан. 

Слично

Поврзани вести