Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар изби во инфективна болница во романска Констанца, починаа девет ковид-пациенти

Пожар изби во инфективна болница во романска Констанца, починаа девет ковид-пациенти

Девет луѓе загинаа во пожарот што избувна утрово во болницата во романскиот град Констанца, објавија властите. Во тек е евакуација на пациенти и персонал од болницата за инфективни болести. Веста ја потврди Министерството за здравство. Од таму додадоа дека во болницата се сместени 113 пациенти, од кои десет биле на интензивна нега.

Сите пациенти кои биле хоспитализирани биле позитивни на Ковид-19. Романските медиуми известуваат дека пожарникарите и полицијата ги вадат јагленисаните трупови од дворот на болницата. 

Луѓето кои го следеле настанот покрај оградата извикувале „Убијци, луѓе умираат поради вас!“ Целата болница е евакуирана, а пожарот е изгаснат во 22:55 часот. Сите болници во округот беа претходно предупредени да ги преземат пациентите. 

На местото на интервенција беа мобилизирани 10 противпожарни екипи, два ескалатори, две специјални возила за превоз на повеќе жртви, една подвижна болница и девет амбулантни возила.

Утврдено е дека инсталациите за откривање пожар, сигнализација и предупредување не функционирале. Според извештајот, електричните инсталации периодично не се проверувале од сертифицираниот персонал. 

Слично

Поврзани вести