Позади нашата успешна приказна стои посветен и мотивиран тим, кој расте паралелно со компанијата и заеднички се носи со сите предизвици
Скопје Мериот оваа година ја одбележа 6та година од своето постоење, 6 години лидерство во хотелиерството и туризмот, работење по светски стандарди како дел од Marriott International семејството и испорачување на врвна услуга, 6 години посветеност на градење на долгорочни релации од доверба и лојалност со гостите, клиентите и партнерите.
Генералниот Менаџер, Г-динот Огуз Ерујгун за Фактор говори за неговите впечатоци од изминатава година, идните планови и цели.
Вообичаено крајот на годината означува период кога се презентираат билансите на успех, профит и раст, но наместо тоа, ние би сакале да ја гледаме поголемата слика од една поинаква перспектива, луѓето ја прават разликата, не бројките!
Ерујгун: Нашите бројки веќе одамна излегоа од нивото на пандемиско работење, но она што нам особено ни значи е конзистентноста на тимот, која остана иста и за време на пандемијата и од денешна перспектива, период кој несомнено остави неизбришлива трага на бизнисот секторот, особено на туризмот.
Ние на политиката на вработување не гледаме само на обична пракса на вработување, туку на комплексен процес на градење на тим од луѓе кој ќе ја гради и надградува приказната на долги патеки, заеднички надминувајќи ги сите пречки и предизвици. Токму ова е фактот кој го сметаме за наш најголем успех. Оваа година имаме многу вработени кои ја одбележаа својата 5та па дури и 6та година како дел од тимот. На ова сме особено горди. Луѓето и тимот се тие кои ја прават разликата, луѓето го прават брендот и има голема вистина во исказот дека позади секоја успешна приказна, цврсто стои тим од посветени и мотивирани вработени. Гордо можам да кажам дека тоа е мојот тим, тоа сме ние.
Оваа година потрошивме убедливо најмногу литри вино наздравувајќи за различни јубилеи, родендени, успешно завршени проекти, нови партнерства, интерни прослави итн. И тоа не е сè. Она што вреди и дава значење е податокот дека оваа година учествувавме во над 30 активности посветени на помош и поддршка на заедницата и ранливите категории. Во јазикот и интерпретацијата на Skopje Marriott и Marriott International, само компанија која е одговорна кон општеството и заедницата може да се категоризира како успешна компанија.

Речиси 30 години искуство во хотелиерството, 10 години на менаџерски позиции во рамки на Marriott International пред да дојдете во Скопје Мериот, но сепак, велите секоја приказна е различна. Што го прави Скопје Мериот поразличен и уникатен од ваша перспектива на Генерален Менаџер?
Ерујгун: Хотелиерството само по себе е динамично и возбудливо. Еднаш штом влезете, тешко е да се вратите или свртите кон нешто друго. Енергијата и вибрациите ве понесуваат. Трендовите често се менуваат, бараат будност и реакција 24/7, 365 дена во годината. Тука стапува на сцена тимот, јас навистина досега во моето искуство немам посведочено на поголема тимска кохезија, компактност, синергија и посветеност.
Многу често луѓето однадвор велат дека е сè многу поедноставно кога зад нас стои името на Marriott International, колку и да е ова вистина, со оглед на тоа дека припаѓаме на интернационалното Marriott семејство, од аспект на задолжителни стандарди и насоки како водилка и гаранција, сепак, одржување на брендот на локално тло, одржување на лојалноста и нивото на задоволство на највисоко ниво низ годините, е возможно само со успешна локална стратегија, исклучителен тим, квалитетна поставеност и одење надвор од сите очекувања, секогаш еден чекор пред сите.
Оваа година, Скопје Мериот одбележа и еден особен успех и достигнување, како дел од Marriott International
Ерујгун: Овој септември беше особено значаен за нас, како мотивација за понатаму, означувајќи месец со највисоки бројки, споредбено со периодот пред да почне пандемијата, меѓу другото влистувајќи го хотелот помеѓу 4те најдобри хотели на ниво на Marriott International по референци и препораки од гости. Навистина голем успех и стимул за понатаму.
“Желбата за
патување уште поголема од претходно, веќе сигурно и стабилно пловиме во период
како и пред пандемијата, надминувајќи ги очекувањата и проекциите”.
Како гледате на туристичкиот сегмент и индистрија по завршување на пандемијата
Ерујгун: Постои зголемено придвижување, излегуваат нови патувачки трендови, се отвараат нови пазарни можности. И покрај тоа што е мала земја, Македонија има многу интересен пазар и потенцијал кој треба максимално да се искористи. Како странец, и јас самиот не очекував дека тука ќе сретнам толку многу природни богатства и убавини, а притоа не зборам само за оние кои се препознатливи како клучни обележја на земјава.
И покрај новите технологии, драго ми е што гледам дека духот и желбата за патување сè уште се тука, дури и посилни од претходно. Истото важи и за меѓусебните интеракции и тет-а-тет средби, кои нема никогаш да можат да бидат заменети со хибридните технологии. Човечкиот допир и патувањата се незаменливи, а ние сме тука да го овозможиме тоа на брилијантен начин.

Поминаа 10 месеци откако сте во Скопје и Скопје Мериот,
во што најмногу уживавте, посебно имајќи во предвид дека патувањето ви е пасија?
Ерујгун: Ми се допаѓа енергијата, вибрациите и духот на градот, луѓето се срдечни и добродушни. Постои навистина голема понуда на забава, ресторани, барови и слично. Лично сметам дека брзо се адаптирав на климата и енергијата. Скопје и околината имаат навистина многу што да понудат, гледам да го користам секој слободен момент за посетување и разгледување на убавините и скриените богатства кои се навистина многу. Најмногу уживам во виноградите, македонското вино е посебно и одлично, врвно со еден збор. Сметам дека Скопје и Македонија имаат навистина голем туристички потенцијал.
Оваа зима сигорно ќе поминеме некое време на планина. Би сакал да ги посетам Маврово, Битола, Дојран...би сакал да ја прошетам цела Македонија.
Што е она што ви предизвикува посебни емоции?
Ерујгун: Несомнено, иако и позитивни и негативни, кога ќе ми кажат наутро колегите дека сме букирани над капацитетот и првичната позитивна реакција набрзо преминува во борба за изнаоѓање на брзи и паметни решенија во интерес на нашите гости за како да се реши овој “проблем”.
Драго ми е што тимот е полн со енергија. Мојата прва цел впрочем беше да да создадеме и одржиме работна средина каде што луѓето со задоволство ќе доаѓаат и ќе го минуваат работното секојдневие. Ние сме како едно големо семејство.

Кога ќе нè прашаат за идни планови, ние не размислуваме за следната година или после таа, туку за цела декада однапред
Ерујгун: Многу е битна стратешката поставеност и позиционирање. Исто како што е битно и континуираното следење на сигналите на пазарот, динамиката и новите трендови.
Би сакал да упатам и честитки и благодарност до другите чинители од областа на туризмот и хотелиерството, многу често сме повикани како меѓусебна конкуренција, но верувајте, ние сме и пријатели и соработници и за секој квалитетен чинител има место на пазарот, и тоа е здрава конкуренција која нè турка напред да бидеме секогаш подобри, да испорачаме уште поголеми вредности и очекувања пред нашите гости, а тие се нашата главна водилка, да го слушаме нивниот глас и потреби и да растеме заедно.
Се додека ја одржиме таа конекција и процес на меѓусебно “слушање”, несомнено ќе го задржиме нашето мото, MAKING IT BRILLIANT IN EVERYTHING WE DO.
Во име на целиот тим на Скопје Мериот, во пресрет на новогодишните празници, би сакал да ви посакам многу благосостојба, безгрижни моменти и просперитет во годината што следи.
