ПОВТОРНО ВИЗИ: Унијата кокетира со национализмот, или Македонија беше глува на реалната опасност?
Механизмот кој го воведува Европската Унија, а според кој земјите од Западен Балкан може да се соочат со времено враќање на визите во случај на поголем број лажни азиланти – е погрешен и штетна, оценуваат за Фактор двајцата поранешни вицепремиери за евроинтеграции Ивица Боцевски и Радмила Шеќеринска. Боцевски смета дека сепак во Македонија не постои реална шанса да се случи такво нешто со оглед дека бројот на азиланти е намален.
„На овој начин тие ги негуваат своите популистички и националистички тенденции кај своето население. И се надевам дека никој нема да посегне кон употребата на овој механизам бидејќи влијае на односите меѓу земјите од Заапден Балкан и Европската Унија. Но исто така придонесуваат ЕУ да го губи својот рејтинг на Балканот кој досега го имаше. Тоа е штетен и срамен потег, изјави за Фактор Боцевски.
Одлуката на Европскиот парламент е штетна за целиот регион, но и за Европската Унија, вели за Фактор Радмила Шеќеринска, поранешен вицепремиер за евроинтергации и актуелен заменик претседател во СДСМ. Но, Шеќеринска смета дека нејасно е како е можно актуелната владејачка гарнитура во земјава да се фали за тесната врска со европската десница, а при тоа токму европската десница да биде иницијатор за механизмот со кој се враќаат визите, наспроти европската левица која се спротивставила на таквата одлука.
„Не очекуваме, односно се надеваме дека земјите членки нема да ја искористат можноста за враќање на визите, но тоа е опасност што ќе стои над главите на македонските граѓаните и македонскиот бизнис. Со овие аргументи излеговме и пред нашите партнери од европската левица и тие јавно се спротивставија на оваа одлука. Трагично е што владата на ВМРО-ДПМНЕ се фали со своите тесни врски во Европската Народна партија, но не стори ништо да ја спречи нивната поддршка на овој грешен потег, бидејќи токму европската десница беше главен поддржувач на овие мерки, изјави Шеќеринска за Фактор.
Бројот на азиланти е намален!
Сепак според Боцевски, бранот на лажни азиланти е намален и со тоа нема реална шанса да се соочиме со времено укинување на визната либерализација од некоја земја.
„Сепак проблемот со азилантите го предизвика и самите земји членки на Унијата, со тоа што навреме не го прилагодија нивното законодавство за визната либерализација. Сега тоа е сторено. Паднат е бројот на азиланти и не постои реална причина за воведување на таквиот механизам во Македонија. Она што е очигледно дека постоои е антимигрантски сентиментим, засилени со економската криза, но не епроблемот во миграбнтите направен од Балканот туку тоа се домашни проблеми на земјите кои некои влади се обидуваат да ги решат со евтин популизам, во стилот дека нешто се прави, вели Боцевски, и додава оти не верува дека некој ќе посегне врз Македонија да го употреби тој механизам.
Шеќеринска пак посочува дека од моментот кога земјава ја доби визната либерализација па до денеска, постоојано била предупредувана, за ваквата опасност, но предупредувањата биле игнорирани од владејачката гарнитура.
„Од визната либерализација сигнали кон Македонија и Србија беа праќани и факт е дека заради бизнис интереси на владините партнери, владата ја потцени оваа опасност, која сега ни виси над главите на сите нас,изјави за Фактор Шеќеринска. “
Што изгласа Европскиот парламент?
Европскиот Парламент даде зелено светло за времено враќање на визите во случај на злоупотреба. Позитивно за извештајот гласаа 328 европратеници, додека 257 беа „против“, а 48 „воздржани“. Претходно мнозинството пратеници од европските народни партии го одбија барањето на социјалистите, либералите и зелените – резолуцијата да биде повторно вратена на разгледување за да се избегнат можните последици за земјите од Западниот Балкан.Сега овој механизам за враќање на визите ќе стапи на сила, откако ќе биде усвоен и од Советот на министри за внатрешни работи и правда.
Дека одлуката на Европскиот Парламент е штетна и опасна смета и европартеничката од Словенија, Тања Фајон. За разлика од неа пак, еврокомесарот за внатрешни работи и правда Сесилија Малстром ја поздрави одлуката на Парламентот. Нејзиниот аргумент е дека суспензијата е крајна мерка a при тоа вели оти се надева дека Комисијата нема да биде принудена да воведе суспензија. „Механизмот за суспензија на безвизниот режим ќе може да се користи само во исклучителни околности како средство за последна мерка кон некоја држава. Целта е да се одговори на итни ситуации предизвикани од злоупотреба на безвизниот режим од страна на државјани ослободени од обврските за виза. се надевам дека нема да бидеме доведени во ситуација да примениме суспензија на визите“ – изјави Малстром. Механизмот предвидува на барање на некоја од земјите членки, доколку има злоупотреби со прекумерен број азиланти, Европската Комисија по претходна процена на оправданоста на барањето да може повторно да воведе визи во траење од шест месеци, со можност за продолжување до една година. Сесијата на Советот на министри на која ќе биде усвона одлуката за можна суспензија на визите е на 7 октомври.
С.Н.

Слично