Повторно тепачка меѓу мигранти, овој пат на островот Самос
Немири со десетици повредени и приведени мигранти имаше ноќеска на островот Самос и во бегалскиот центар во солунската населба Ореокастро.
Тие се тепаа со камења и железни шипки. Во нередите беа повредени 15 луѓе, од кои еден со сериозни повреди кој беше префрлен во болница надвор од Самос. Судирите се смирија по полициската акција, во која беа приведени и уапсени 25 луѓе. На Самос со часови имаше насилни судири меѓу група од 150 луѓе, бегалци и мигранти од Мароко, Алжир и Пакистан. Подметнати се и пожари низ мигрантскиот центар кои запалија неколку куќарки во кои спијат бегалците, загрозувајќи голем број жени и деца.
Ова е втор ваков инцидент за два дена, а претходно тепачка имаше на островот Лезбос.
Слично
