Повторно тензии во Идомени, мигрантите ја кинат оградата
Во Идомени повторно има немири меѓу македонската полиција и мигрантите.
Дел од мигрантите почнаа да ја тегнат оградата на македонско-грчката граница, за да можат да ја скинат и да влезат во Македонија. Македонската полиција фрли шок бомби и солзавец кон нив за да ја растури толпата.
Групата која го започнала протестот се претпоставува дека е составена од мигранти од Авганистан и Мароко.
Последните два дена по немирите во неделата во Идомени беше мирно, без протести и судири со полицијата.
Во неделата големи групи мигранти поттикнати од невладини организации сакаа да влезат насилно во Македонија, мислејќи дека понатаму ќе можат да продолжат кон ЕУ.
Слично
