Повторно скокнаа цените на нафтата
Повторно се зголемуваат цените на нафтата на светските берзи.
Барел од типот брент поскапе за 66 центи и се тргува за 107,91 долар, а барел сурова нафта во САД по поскапувањето од 43 центи сега чини 103,02 долари. Цените се зголемуваат по големиот пад во претходните денови, во период кога има стравувања за испораките од Русија и Либија. Залихите на сурова нафта паднале во САД минатата недела. Намалената прогноза за глобален економски раст и тековни затворања во Кина поради коронавирусот ја намалуваат побарувачката за нафта. Војната во Украина директно се одрази и на цените на нафтата.
Слично
