Повторно скокнаа цените на храната
Глобалните цени на храната по два месеци пад повторно се зголемуваат.
Цените на храната во август повторно забележија раст, откако имаа двомесечен пад, поттикнати од силниот меѓународен скок на цените на шеќер, пченица и растителни масла, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Цените на шеќерот скокнаа за 9,6 проценти минатиот месец во споредба со јули, во главно како последица на загриженоста која ја предизвика мразот кој ги оштети посевите во Бразил, најголемиот извозник на шеќер во светот. Цените на растителните масла се зголемија за 6,7 проценти на меѓународниот пазар во август, при што цените на палминото масло се вратија на историско највисоко ниво поради континуираниот неуспех во однос на производствениот потенцијал, што резултираше со намалување на залихите во Малезија. Цените на маслото од репка и сончоглед се зголемија. Цените на производите од житните култури се зголемија за 3,4 проценти.
