ПОВТОРНО СКОК: Што ги турна цените на нафтата нагоре?
Цените на нафтата се искачија на меѓународните пазари до близу 95 долари во четвртокот, бидејќи остриот пад на залихите во САД и очекувањата за намалена понуда од Русија кон крајот на годината ги турнаа стравувањата од рецесија во втор план.
На лондонскиот пазар цената на барелот вчера попладне беше повисока за 1,33 долари од вчерашното затворање и изнесуваше 94,98 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 99 центи, од 89,10 долари.
Во средата, расположението на пазарот беше пригушено од стравувањата од глобална рецесија поради слабите податоци за изградбата на станбени недвижности во САД и забавувањето на економската активност во Кина под притисок на строгата политика на нулта толеранција за Ковид-19.
Намалување на залихите на сурова нафта во САД
Сепак, трговците беа охрабрени од податоците од владиниот извештај во Вашингтон дека залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднале за 7,1 милиони барели, а извозот достигна пет милиони барели дневно, што е највисоко ниво откако Министерството за енергетика ги објави податоците.
Цените пак беа поддржани со предупредувања дека европската забрана за увоз на руска нафта и деривати може драматично да ја намали понудата.
